Кавга меѓу Црквата на Елада и бугарските владици за МПЦ-ОА

Светиот архиерејски синод на Црква на Елада, која што е дел од блокот грчки цркви во православниот свет, реагира во однос на соопштението на Бугарска православна црква, која се прогласи за црква-мајка на МПЦ-ОА.

Синодот на Црква на Елада на заседанието од 14 декември, а по повод соопштението на Светиот архиерејски синод на БПЦ, ја разгледувал нејзината одлука од 29 ноември да го прифати барањето на расколничката црква на „Македонија“ и да преземе улога на нејзина мајка-црква, се вели во информацијата.

По тој повод, грчката црква ја изразува својата загриженост за таа одлука поради мешањето на БПЦ во јурисдикцијата на друга православна црква, т.е. на Српска православна црква, чин што е спротивен на светите канони и на Преданието на Црквата, со што ги превидува канонското право и водечката улога на Вселенска патријаршија, што може да биде почеток на немили собитија, стои понатаму во реакцијата.

Светиот синод се моли да преовладее совеста и одлуката на сестринската БПЦ да не биде никогаш спроведена практично.