Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се придрушува на барањето интерпелација за собранискиот спикер Африм Гаши, која, според најавите, би требала да се најде на утрешната (3 септември) пред  пратениците.

„Мојот личен став е дека интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи заради тоа што премногу престапи се направија и во јавноста ние бевме тие кои ја запознаа за тие работи.

Не само ние, институции излегоа и го констатираа прекршувањето на одредени правила на однесување на функционерите. Меѓутоа, дозволете ова е само мој став кој јас ќе го бранам и ќе го изложам за време на денешната координација, но дозволете партијата да заземе официјален став“, одговори денеска на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче.