Јосип Броз Тито, водачот на Југославија, на 31 март 1975 година се поклони пред гробот на македонскиот великан Гоце Делчев во Скопје.
Оваа постапка не беше случајна и во суштина беше симболичен гест на почит кон Делчев, личност што е вечно врежана во македонската национална меморија како апостолот и срцето на револуционерна Македонија, потсетува „Нова Макдонија“
„Поклонувањето пред гробот беше признание на наследството на Делчев, односно признание на Гоцевиот идеал – Македонија на Македонците.
Тито како лидер на Југославија во одредена мера ја исполни визијата на македонските револуционери и Делчев преку воспоставувањето на Социјалистичка Република Македонија во рамките на југословенската федерација. Но, рака на срце, во историските архиви е забележано дека оформувањето на Македонија како одделна државноправна единица во рамките на една поширока федерација не беше концепт осмислен од Тито.
(…)
Во 1947 година, Тито и бугарскиот лидер Георги Димитров го потпишаа Бледскиот договор, кој имаше цел да ги зајакне врските меѓу Југославија и Бугарија, па дури и да се формира идна балканска федерација.
Како дел од овој договор, Бугарија официјално ги признала македонската етничка припадност и јазик за првпат.
Целиот напис на следниот ЛИНК