Главниот град на Италија, еден од најзагадените европски градови, планира да ги забрани дизел автомобилите во центарот на градот до 2024 година, најави градоначалничката Вирџинија Раџи.
„Ако сакаме сериозно да интервенираме, мора да имаме храброст да донесеме одлучни мерки”, напиша првата жена на „Вечниот град“ на Фејсбук.
Нејзината „најава“ доаѓа по одлуката на Сојузниот суд во Германија според која градовите во таа земја можат да воведат забрана за возење на дизел автомобили како дел од мерките против аерозагадувањето.
Околу две третини од вкупно 1,8 милиони нови автомобили продадени во Италија минатата година биле дизелаши.