И министерката Царовска обвинета за нацизам

Откако вчера македонистката Симона Маџовска – Груевска ја обвини Беса Арифи за нацизам денеска уште едно сериозно вакво обвинување за министерката за труд и социјални работи Мила Царовска.

Поетесата Вера Симовска реагира на најавата за казни за родителите кои своите деца ќе ги однесат на прослава на Водици се вели во пораката до министерката.

МИНИСТЕРКЕ ЦАРОВСКА ЗА СОЦИЈАЛА НА ОВАА НЕСРЕЌНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА

“За последното ваше прогласување и заканување со казни од илјада евра за родителите кои своите деца ќе ги однесат на традиционалното славење на Водици покажувате колку имате капацитет да ги согледувате состојбите во реалноста:

Под еден: Не е најважно но многу индикативно е тоа што спомнувате евра а не денари! Вие веќе својата држава сте ја свеле на Европска или Нато бановина. Денарот е сеуште државна валута и сметањето јавно во евра е непочитување на сопствената држава и народ, бидејќи тое е едно исто!

Под два: Немате никакво ниту правно ниту морално право да донесувате одлука за казна преку ноќ и без вистински докажана причина за потребата на ваква казна.

Ако сте имале намера да заплашувате сте пропуштиле еден важен факт а тоа е дека родителите се возрасни луѓе, што значи дека се полнолетни плус со товар на родителско искуство, дека се тоа граѓани ревносни на својата држава и сиот свој работен век го посветуват на таа држава плаќајќи даноци, сметки и слично издвојувајќи од својот домашен буџет за да се задоволат финансиските потреби пред се на државна администрација во која спаѓате и самата вие. Бидејќи вие спаѓате во таа администрација заради тоа и немате право да се заканувате туку имате должност да влезете во положбата на своите граѓани и платодавачи и да работите во служба на нивните потреби а не да измислувате небулози и да се однесувате нацистички!

Под три: Од каде ви е дрскоста па си земате за право да се мешате во личните определби на граѓаните, во случајов да им се мешате на родителите и нивната желба да прославуваат празници? Нема разлика дали се работи за верски или други некои празници!

Македонија е потврдено секуларна држава и секој граѓанин има загарантирано право да се определува кон која сака религиозна ориентација, доколку има желба за неа! Ако го има тоа право тој има и право на користење на јавниот простор како и сите други граѓани кои групирано излегуваати и се појавуваат во истиот тој јавен простор. Друго е ако “има” некаква голема причина тоа да небиде така. Во тој случај вие како министерка треба да ги повикате граѓаните на конструктивни разговори што исто така треба да бидат јавни и да најдете заеднички испочитувано решение.

Под четири: Вие , со сета ваша елоквентност на изразот со кој измамивте, во смисла добивте гласови, и станавте министерка, сметам дека на ист начин треба и да проникнувате во длабочината на одредени состојби и појави. Околу ова да ве потсетам дека вие произлегувате од средина-општество каде имате две религиозни групи на граѓани кои што доминираат и на кои не смеете да им го забранувате она што им приѓа. Особено ако и едните и другите се` што прават околу својата религија или вера не го прават на агресивен ниту непристоен начин, туку само покажуват мирољубие, бараат почитување за да истото го дадат на оние другите.

Под пет: Незнам дали имате деца вие самата!? Знам дека господинот Драги Змијанац нема!
Зошто ви се мешам во вашите лични работи? Од следниве причини:

1.Религиозната определба е лична работа и ако не е агресивна или деструктивна во секуларното општество е рамноправна со граѓанското право!
2 .Ако сте личност без родителско искуство немате право да кажувате што е подобро за малите дечиња. А тоа важи и за вас (доколку немате родено деца) и истото важи и за господинот Змијанац за кој занм дека нема деца и кој исто така се прогласи по повод Бадниковата литија! При тоа не ја оспорувам вашата желба да правите добри дела и двајцата кои ве спомнувам, но пред се треба да се преиспитате за секоја ваша и постапка и искажана реч! Извинете но вашите излагања од далеку се видоа дека не доаѓаат од вашите мозоци и резонирања. Ако сте подржувачи на нешто за нас непознато ќе сносите одговорност кога и да е бидејќи се работи за природни закони, ништо тајно не може да остане! Се обиде цар Трајан, ама никнаа рогови!
3.Значи родителите цела своја зрела младост, свое време, своја грижа ја посветуваат на своите најмили, стрепејќи деноноќно во страв за здравјето на своите дечиња, работејќи за нив да им биде подобро и вие се дрзнувате да им кажувате како треба со дечињата и што е добро за нив. Особено што се работи за дечиња што се ревносно и одговорно згрижени и заштитени од своите родители. Не министерке, сте чукнале на погрешна врата! Не влегувајте во туѓиот дом и не ја расипувајте ја забавата на домаќините!
4.Запомнете само родители што свесно и одговорно се грижат за психофизичкото здравје на своите деца се корисни за прогресивно, морално, вредно и перспективно општество! Јас верувам дека македонските граѓани посакуваат вакво општество и ќе смогнат сили да се изборат за такво, зашто дуваат некои чудни ветришта и носат кисели дождови!

На крај да ви посакам квалитетна кариера! Да ве паметат македонските граѓани по конструктивите решенија на суштинските проблеми во нашето општество! Да бидете повикувани по домовите на граѓаните како посакуван гостин по повод убавите празници! Знаете, верските празници и кај муслиманите и кај христијаните и останатите се празници на љубовта, добрососедтвството, пријателството. На ваквите празници се отвора срцето на човекот, верникот! Можеби вам тоа и ви треба, малку да ви се подотвори срцето, зашто се` друго имате, слатка сте и убавка, умна и речита само ова со срцето видете!

ПОЗДРАВ И ПРОСТЕТЕ ШТО ВО ИМЕТО НА ВИСТИНАТА И ПРАВДАТА ВЕ ПОВИКАВ ЈАВНО!”, и напиша Симовска на Царовска.