Леброн Џејмс имаше само 11 коша, а за нив потроши 13 топки во првиот пораз на Кливленд во источното полуфинале во НБА. Бостон славеше во Квикен Лоунс арената (111-108) и тоа со тројка на Ејвери Бредли буквално во последната секунда од мечот во кој Селтикси беа без првиот играч Ајзеа Томас.
Бостон се врати во серијата и намали на 1-2, и тоа откако постојано губеше, а во третиот период негативата достигнаа 21 поен. И кога сите сметаа дека ова ќе биде слично на минатиот меч (130-86) или како на првиот (117-104), разбиениот Бостон собра сили за извонредно враќање и за триумф кој му овозможува да ја врати пресметката назад на свој терен. Секако претходно, во вторник навечер ќе има уште еден дуел во Кливленд.

Најдобри поентери изутрината беа Маркус Смарт со 27 и Бредли со 20 кај победникот, и Кајри Ирвинг и Кевин Лав со 29 односно 28 кај Кавси.

 

https://youtu.be/Ks1gF4pc7ic