Во деновите на хаос во Велика Британија, по масакрот што на концертот на Аријана Гранде во Манчестер арена, го направи Либиец роден во Англија, денеска во Лондон имало и напад врз Кралицата Елизабета.
За сега неидентификуван маж во 10 часот и 40 минути бил спречен да изврши напад врз Кралицата и принцот Филип кои требало во секој момент да излезат од палатата, по што полицијата го совладала и сега се обидува да ги дознае мотивите. Тој инаку со себе имал и оружје, и затоа целиот случај се води како обид за атентат.