Македонија не ги исполнува критериумите за почеток на преговори за членство во ЕУ, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев откако унгарскиот премиер Виктор Орбан се понуди да посредува во бугарско-макеонскиот спор со надеж дека Македонија ќе биде одблокирана за членство во ЕУ од страна на Софија
„Прашањето е зошто *Македонија не ги исполнува овие критериуми. Зборуваме за основни човекови права, за Бугарите во РСМ да се чувствуваат пријатно и да имаат можност за развој на кариерата.
Во моментов нема ниту еден Бугарин кој отворено го декларира својот идентитет, кој е на некаква позиција во која било институција, зашто тоа не оди на добро, тоа е опасно и треба да се промени. Ние ги поддржуваме од многу одамна, први ги признавме. Бугарија отсекогаш сакала и продолжува да сака интеграција во ЕУ на сите земји од Западен Балкан, но тие мора да си ја завршат домашната задача“, вели Ковачев.
Во петокот на прес-конференцијата по средбата во Охрид меѓу премиерите Мицкоски и Орбан, унгарскиот премиер предложи официјална Будимпешта да посредува за да се надмине спорот со Бугарија и да се откочи евроинтегративниот процес на Македонија, но Софија експресно го одби предлогот на Орбан.