На мапата која ја подготвува магазинот трилист.цом на која се забележани најлошите работи на сите земји во Европа ја нема ниту Македонија ниту другите земји од регионот кои што се во ЕУ.
Еве како се опишуваат најлошите работи по кои се познати членките на ЕУ:
Австрија, земја со најмногу млади пушачи
Белгија, најголем метеж во сообраќајот
Бугарија, најмала слобода на медиумите, Финска е со најголема
Хрватска, најмало учество во проектот за размена на студенти Еразмус
Кипа, најмалку 18 годишници на училиште
Чешка, рај за модерното ропство
Данска, најмалку продавници на Зара по глава на жител

Естонија, земја со најголема полова дискриминација за плати
Финска, најголема стапка на депресија
Франција, најмала стапка на познавање на англиски јазик
Германија, најмалку сопственици на приватни домови
Грција, најголем надворешен долг
Унгарија, најголем данок (ДДВ)
Ирска, најголем број аа цистични фибрози

Италија, најголема даночна евазија
Летонија, најголем процент на затвореници
Литванија, најголема стапка на самоубиства
Луксембург, најмали трошоци за образование
Малта, најтешка земја за отворање бизнис
Холандија најголем процент на убиени велосипедисти на улица
Полска, најмал број на лекари по глава на жител

Португалија, најмала стапка на родени
Романија, најмалку кина по глава на жител
Словачка, најмала излезност на избори
Словенија, најмногу умрени од алхохолизам
Шпанија, најмногу незавршени студенти
Шведска, најмалку болнички кревети по глава на жител
Велика Британија, најголема употреба на кокаин