И грчките попови против терминот „Македонија“

„Прашањето за поранешната југорепублика (пЈРМ) е национално и не може да ја остави без став грчката црква“ изјавил архиепископот на Атина и на цела Грција, Јероним, цитиран од „Катимерини“.

Весникот информира дека со ова прашање се занимавало и раководството на православната црка и се очекува грчките митрополити да ги повторат своите „решенија“ во односс на пЈРМ кои нема да го вклучуваат името „Македонија“, пренесуваат балкански медиуми.


Во врска со тоа, се споменува дека претходниот состав на Светиот синод на Грчката црква, исто така се спротивставувал на употребата на име Македонија, пишуваат бугарски медиуми, бидејќи бившата југорепублика „узурпирала и претендирала за тоа кое што не и припаѓа“ т.е. за грчкото име Македонија и на тој начин „ го скрнавело грчкото достоинство и историската реалност“.