И гевгелиската „бугарка“ Спаска Митрова влезе во кампања

Гевгеличанката која во текот на 2009 беше во врвот како главна личност на мајка на која во  „сапунската опера“  поради бугарскиорт „происход“ и била одземена ќерката од македонски судови, вчера воскресна со статус на Фејсбук  во кој има најубави зборови за кандидатите на една партија.

Стои дилемата дали ФБ профилот на корисникот со тоа име е вистински или „фејк“…и која е и дали постот има политичка заднина, околу што „Експерс.мк“ се оградува.

Враќањето на Спаска Митрова на социјалните мрежи, сепак е вест сама по себе.

Секоја сличност на вчерашното реанимирање на профилот на извесната Спаска по вчерашното изјаснување на албанскот парлементер е комично.

Во 2014 та година, гевгеличанката, се обиде да крене меѓународен скандал и да го привлече вниманието на соседна Бугарија и на илјадници бугарски граѓани со тврдењето дека сопругот, македонски граѓани и македонските судови, наводно, и го одземаат правото на мајчинство.

Подучена однадвор, семејната кавга и недоразбирања со сопругопт што довеле до развод, Спаска ги искористи за политичка пропаганда дека зад одлуката на македонското судство стои заговор против „бугарската свест и самоопределување“ на наводното бугарско малцинство во Македонија.

Започнатата банална семејна кавга, прерасна во „сторија“ која доби димензии на меѓународен скандал во кој се вмешаа, не само бугарските и македонски претставници, туку и членови на меѓународната заедница.

Спаска, тогаш, побара и заштита преку социјалните мрежи, а тврдењето дека е осознаена Бугарка, провоцираше редица прашања за причините и природата на нејзиното самоопределување,

По седум години судско- политичка битка во која за проблемот се дебатираше дури и на ниво на премиери, меѓу Никола Груевски и  Бојко Борисов, ќерката на гевгеличанката Спаска Митрова, Сузана, замина со мајка и во Бугарија.