И во европска Бугарија ги бојкотираат високите цени на прехранбените производи

Empty supermarket aisle with freezers showcases with different products

Денеска е најавен Ден на бојкот поради високите цени на прехранбените производи. Минатиот четврток беше првиот ден на иницијативата на четири организации – Федерацијата на потрошувачи во Бугарија, здружението „За прифатлива и квалитетна храна“, „Обединети синдикати на пензионери“ и „Системот нè убива“.

Откако овие организации прогласија победа по првиот ден на бојкот, вториот веќе е насочен кон големите трговски ланци.

Организаторите на бојкотот повторно побараа бугарската влада да одобри список со 70 основни прехранбени производи, чии цени треба да бидат ограничени.

Сепак, според експертите, воведувањето плафон на цените на стоките не е пазарен метод.

Бојкотот на малопродажните синџири и големите намирници e плагијат na ваква иницијатива во Хрватска минатиот месец, по што следеа и Република Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.