И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која се приведени Капушевски и Јахоски

Уапсени се Ратко Капушевски, сопственикот на РКМ и Асмир Јахоски, газдата на Пуцко Петрол. Ова за Телма го потврдиле повеќе извори запознаени со истрагата. Се испитуваат злоупотреби при набавка на нафтени деривати.

Со истрагата се опфатени и повеќе лица меѓу кои Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски. Се вршат претреси на повеќе локации, покрај Скопје, претреси има во Кичево и Пласница.