Итна седница на Советот на Град Скопје попладнево за јавниот превоз

Советот на Град Скопје денеска од 18 часот ќе одржи итна седница за проблемот со јавниот превоз во главниот град.

„Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација.

Советот на Град Скопје утре, 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена. Граѓаните тоа го заслужуваат!“, објави на Твитер претседавачот на Советот, Трајко Славески.