Фудбалската репрезентација на Италија ја почна одбраната на титулата на Европското првенство во Германија со победа од 2:1 над Албанија во Дортмунд.
Албанците поведоа само по 22 секунди преку Бајрами со најбрзиот гол на европските шампионати. Израмни Бастони во 11. минута, а стартни три бода на „аѕурите“ им донесе Барела пет минути подоцна.
Шпанија славеше со уверливи 3:0 над Хрватска, остварувајќи ја целта уште во првото полувреме со головите на Мората во 29. минута, на Руиз три минути потоа и на Карвахал во втората минута од судиското надополнување на времето, а Петковиќ не успеа од пенал во 80. минута за „коцкестите“.
И Швајцарија беше убедлива против Унгарија, победувајќи ја со погодоците на Дуа во 12. минута, на Ебишер во 45. минута и на Емболо во 90+3 минута, а претходно на 2:1 намали Варга во 66. минута.