Добрите настапи, и со Шпанија иако резултатот не го потврдува тоа (0-5), и со Србија вчера (2-2), ќе останат за статистика и лична сатисфакција на нашите младинци од Европското фудалско првенство во Полска, но мечот со Португалија в петок нема да има значење ако денеска во средбите од втората рунда во групата Ц фаворитите Италија и Германија слават со Чешка односно Данска. Во тој случај Аѕурите и Панцирите би имале по шест бода и би биле недостижни за нас, за позицијата најдобра второ пласирана селекција. Таа обезбедува полуфинале, и ако се случи чудо, и нам в петок сите коцки ни се склопат, а тоа значи да ја победиме Португалија, а Србија да загуби од Шпанија, ние ќе завршиме како втори во конкуренцијата Б, но нема да бидеме во игра за настап во завршниот квартет од шампионатот на 21. годишните.
Секако со оглед на нашето деби на ваквите манифестации, и желбата и натаму да се докажуваме на ЕП, тимот без дилема ќе го одржува адреналинот на високо ниво и за средбата со Португалците иако сознанието дека не сме во конкуренција може да се одрази меѓу црвено жолтите фудбалски “лавчиња”. Натпреварот Македонија-Португалија се игра в петок во Гдиња од 20.45 и според погоре соопштеното може за нас да нема вистински натпреварувачки карактер.