Фудбалерите на Тиквеш му го донесоа на Кавадарци првиот пехар од Купот на Македонија, откако во дуелот на дебитантите во финалето на 31. издание ја совладаа охридска Воска со 2:1 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Кристијан Стојкоски го отвори резултатот во 41. минута, Луан Силва зголеми на 2:0 во 59. минута, а почесниот гол за Воска го постигна Никола Шаркоски во 77. минута.
Тиквеш е 16. тим што го освоил ова натпреварување во кое Вардар останува рекордер со пет титули.