Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски го постави на својот фејсбук-профил сопственото обраќање на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон, во Соединетите Американски држави. Во своето истапување, кое е историско, македонскиот премиер Мицкоски нагласи дека Македонците во САД се определени за претседателот Доналд Трамп, притоа појаснувајќи дека исто како и Трамп, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи со огромно мнозинство на минатогодишните претседателски и парламентарни избори.
Во својата реч Мицкоски се осврна и на проблемите и предизвиците, со кои се соочуваше Република Македонија во во минатото, борејќи се со пречките на патот кон ЕУ, како и за бројните остапки и условувања за членството во НАТО, за мешањето од надвор за промена на името, знамето на уставот. Тој ја искористи можноста и настапот на Конференцијата да го претстави и македонскиот туризам, односно Охрид и Свети Климент и тоа среде Америка.
Видео од обраќањето на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон:
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1165237091812860/