Истанбул и Антиќ подготвени за последните битки на кошаркарската елита

Градот на Босфорот од петок до недела е домаќин на Финалниот турнир од 17.тото издание во кошаркарската Евролига. За три дена во салата Синан Ерден прво Реал игра со фенербахче, а потоа ЦСКА ќе се сретне со Олимпијакос. В недела е финалето.
Македонија повторно е застапена во кулминацита на сезоната и тоа преку Перо Антиќ кој веќе има две титули со Олимпијакос, но и загубено финале од минатата година. Антиќ е голема европска кошаркарска ѕвезда што го потврдува и најавниот спорт за Ф-4 турнирот.