Исланд објави дека неговите дипломати ќе го бојкотираат Светското првенство што ова лето треба да се одржи во Русија.

Одлуката доаѓа откако денеска САД и неколку земји во и надвор од ЕУ меѓу кои и Македонија објавија дека ќе протераат руски дипломати во врска со случајот со труење со Сергеј Скрипал.

Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека се солидаризира со Обединетото кралство и земјите од ЕУ кои протераа дипломати во врска со труењетѕо на руски шпион во Солзбери, Велика Британија.

Русија се закани дека одговорноста на непријателскиот чин е на  Македонија.

Исланд, исто така, соопшти дека привремено ги прекинува билатералните контакти со Русија на највисоко ниво, објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на рускиот претставник во таа земја.
Сепак ислансдките фудбалери ќе играат на СП.

21-то Светско првенство на ФИФА треба да се одржи во Русија од 14 јуни до 15 јули. Русија ги доби правата за организирање на настанот во декември 2010 година.