Исламската држава нападна во Техеран

Во координирани напади во Техеран, атентатори самоубијци се разнесоа во парламентот и во мавзолејот на Хомеини. Одговорност за наподот презеде „Исламската држава“.

Атентаторот самубиец во иранскиот парламент ѝ припаѓал на група напаѓачи кои исто така влегле во зградата, јави иранската државна телевизија.

Според агенцијата ИСНА, во парламентот упаднала група напаѓачи. Тие прво го убиле стражарот, а потоа еден од напаѓачите се кренал во воздух. Иранската телевизија Ириб јави дека еден напаѓач активирал експлозив во една од канцелариите во парламентот.

Веднаш потоа стигна веста дека и во мавзолејот на ајатолахот Хомеини, се случиле два самоубиствени напада на „терористи“.

Агенциите јавуваат за два самоубиствени напада во мавзолејот на Хомеини

Во нападите во Техеран, кои сѐ уште не се завршени, досега има осуммина загинати и повеќе повредени. Исна јави дека се затворени сите влезови и излези од парламентот. На пратениците и новинарите им е кажано да останат на местата. Одговорност за нападите презеде „Исламска држава“

Иран досега беше релативно поштеден од напади. Шиитската регионална сила е активна во конфликтите во Ирак и Сирија. Од страна на џихадистичката милиција „Исламска држава“ и други сунитски екстремистички групи постојано има закани против Иран, но досега во земјата не беа извршени поголеми напади.