„Од ДУИ велат дека ‘јавно го осудуваат невиденото етничко чистење што се случува во безбедносните и разузнавачките структури во * Македонија’. Од ДУИ тврдат дека ‘за прв пат од 2001 година нема Албанци на ниедна раководна позиција – директор, заменик-директор или помошник директор – во трите главни агенции за државна безбедност, вклучително и Агенцијата за разузнавање, Националната Агенцијата за национална безбедност и Воената разузнавачка агенција’.“ – објави ТВ 21.
Телевизијата го наведува натаму ова сооопштение на партијата на Али Ахмети со исклучително опасните измислици, кои содржат и елементи на обид за опасна манипулација и подбуцнување на припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија: „Тоа е намерна, добро осмислена чистка, која има за цел не само маргинализација, туку и заживување опасен менталитет кој со децении го гледа албанското население како „внатрешен непријател“. Веродостојните информации, кои говорат за масовно вработување десетици, ако не и стотици неалбанци на клучни позиции во тајните служби, се доказ дека ова не е само административен процес, туку стратегија за претворање на безбедносните агенции во инструменти на политичка и етничка контрола, што суштински ги поткопува принципите на еднаквост и правична застапеност. Ги повикуваме НАТО, Европската Унија и сите меѓународни фактори, кои ја препознаваат безбедносната динамика на Балканот веднаш да интервенираат и да не дозволат оваа чистка да помине во тишина. Систематското исклучување на Албанците од безбедносните структури не е само удар за одреден народ, тоа е директна закана за стабилноста, меѓуетничката кохезија и евроатлантската ориентација на * Македонија.“ – тврдат од ДУИ.
Home Македонија Исклучително опасни измислици на ДУИ: „Се случува етничко чистење во безбедносните и...