За директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ вчера беше избрана обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола.
Со најмногу – шест гласови „за“- Управниот одбор на Академијата донесе одлука четиригодишниот мандат да ѝ го довери на Трајкоска Стрезоски.
Еден глас помалку, доби судијата Ненад Савески од Основен кривичен суд Скопје, а трет, со три гласови беше заменик-директорот на Академијата, Илир Исени.
Судијката Едита Насковска од Управен суд доби два, а обвинителката Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје еден глас.
Судијката Оља Ристова од Кривичен суд и судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд не освоија ниту еден глас.