Иранската национална гарда веднаш ја обвини Саудиска Арабија за терористичките напади во Техеран во кои во два наврата беше нападната шиитската држава. Во ударот на парламентот во кој загинаа 12 луѓе, а потоа на другиот крај од главниот град на Иран жена се разнесе пред мавзолејот на Хомеини. Одговорноста ја презеде ИСИС, но бригадниот генерал на иранската војска Салами смета дека зад се стојат соседите.
“Да нема никаква дилема. Ние ќе се им се осветиме на терористите и на нивните поддржувачи, а знаеме дека зад се се крие пријателот на Израел”, вели генералот по новата криза во арапскиот свет која овој пат се заканува да доведе во војна од големи размери.

Саудијците преку министерот за надворешни работи Адел ал Џубеир веднаш демантираа поврзаност со нападите велејќи дека нема никакви докази за вакви тврдења. Претходно неделава шест арапски земји ги прекинаа односите со Катар поради наводна поврзаност и спонзорство на терористичките организации.

Во нападите во Техеран се повредени повеќе од 60 луѓе, а ИСИС порача дека ова е само почеток и дека сунитите доаѓаат да им се осветат на шиитите и да го спроведат шеријатскиот закон.