Поранешниот претседател на Барселона Жоан Лапорта раскажува дека Интер во 2006. година понудил 150 милиони евра за Лионел Меси. Тој го информирал таткото, во исто време и менаџер на Аргентинецот дека без оглед на примамливоста на понудата таа ќе биде одбиена. Оваа изјава сега бара математичка операција и проценка колку тие 150 милиони евра би биле во денешно време и дали можеби не станува збор за сума од 300 или 400 милиони евра.

Лионел Меси и во мигот на понудата кога имал само 19 години, а и сега, веројатно и уште повеќе, е бесценет фудбалски бисер кој на Барселона и овозможи многу радости и титули. Тој очигледно секогаш бил во мислите и на други клубови, па затоа Каталонците наскоро ќе потпишат нов договор со Аргентинецот и ќе ја подигнат откупната клаузула на 400 милиони евра.