Градоначалниците од Бугарија и Македонија се собраа во Ќустендил на тркалезната маса на тема „Бугарско-македонски односи: приоритети, заеднички перспективи и предизвици“. Состанокот го организираа Андреј Ковачев од Европскиот парламент и Кирил Калфин од Бугарското национално собрание. Учество зедоа и заменик-министерот за регионален развој Деница Николова, заменик-министерот за надворешни работи Георги Георгиев, бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков и македонскиот амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев.
На вчерашниот состанок Андреј Ковачев ја најави идејата за формирање на Здружение на општини од двете страни на границата.
„Ова беше дебатирано за време на состанокот и дојдовме до општа одлука дека ова е добра алатка. Со ова здружение, општините од двете страни на границата ќе можат подобро да ги заштитат своите интереси пред владите и европските институции, со можност за финансирање проекти кои имаат корист граѓаните. Сите присутни на средбата на општините изјавија подготвеност да учествуваат, но тоа ќе биде отворено, се разбира, и за оние кои не можеле денес да присуствуваат во Ќустендил“, соопшти европратеникот. Според него, општините, кои се заслужни за Здружението, се Ќустендил и Куманово.