„Индекс.мк“: Разрешениот лидер на АА и кандидат за претседател Таравари со 500 илјади евра ќе вработи 1100 партиски милитанти!

„Градоначалникот на Гостивар и кандидат на албанската опозиција за претседател на државата Арбен Таравари, кој постојано повикува на промена, во ноември 2023 година распиша конкурс за привремени вработувања. Пред изборите се очекува Таравари да вработи околу 1100 партиски активисти-милитанти со плата од 30 илјади денари!“објави информативниот портал на албански јазик „Индекс.мк“.

„Индекс.мк“ пишува: Според „Отворени финансии“, Таравари ѝ пуштил 33 милиони и 40 илјади денари на агенцијата, која ќе биде ангажирана за привремените вработувања. Ако ги претвориме овие денари во евра, доаѓаме до заклучок дека разрешениот лидер на Алијансата за Албанците пуштил 537 илјади евра за вработување на партиски милитанти.

Оваа дојава пристигна на електронската адреса на „Индекс.мк“ од една граѓанка, која сака да остане анонимна. Според поткажувачката, со овие пари се очекува Таравари да вработи околу 1100 партиски активисти со плата од 30 илјади денари.