Инвеститор од Албанија влегува со 180 милиони евра во Скопје!

Најавата на еден македонски портал дека се подготвува „станбена експлозија“ во Чаир, Топанско Поле и Сарај као и во Гази Баба, зад која наводно стојат косовски бизнисмени, со неверување беше прифатена од јавноста како шпекулација и непотврдена информација лиферувана на Интернет просторот минатата недела.

За неверување беше и делот дека за возврат да се добиела поддршката на ДУИ за локалните избори, биле ветени 800 плаца за градба на куќи по цена од едно евро за квадратен метар.

Како прва локација, порталот ја наведе парк шумата во Гази Баба, со што би се скратил еден дел од самиот парк, а втората можна локација била на потегот меѓу приградските населби Маџари и Јурумлери.

„Експрес.мк“ дознава дека инвестиција во Скопје, сепак, ќе има.

Извесна  „Balfin group“ зад која стои бизнисменот Самир Мане од Албанија и кој располага со имот тежок 1.2 милијарди долари, најавил дека „влегува“ со 180 милиони евра во Скопје, за што „Експрес.мк“ дополнително ќе информира.