„Има неверојатна смисла за хумор“: Маск за пораката од Зеленски дека САД не можат да ги натераат на преговори со Русија

Американскиот милијардер Илон Маск, еден од најголемите поддржувачи на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во предизборната кампања, на својата платформа Икс се потсмева на пораките на шефот на украинската држава Володимир Зеленски во интервјуто за Украинското радио.

„Смислата за хумор му е неверојатна“, го коментира Маск уверувањето од Зеленски: „САД не можат да нè натераат ‘да седнеме и да слушаме’ на преговарачката маса. Ние сме независна земја“.