Доколку некогаш пиејќи кафе, јадејќи сладолед или едноставно четкајќи ги забите сте почувствувале секавична болка, можно е да страдате од многу честиот симптом “осетливи заби”. Некои од причините може да се: кариес, пукната пломба, абрадиран емајл, повлечена гингива и експониран забен корен.

Коронките на здравите заби се покриени со еден слој на емајл, најцврстата супстанца во телото. Слој од таканаречен цемент ги покрива забните корени под линијата на гингивата “непцето”. Под емајлот и цементот се наоѓа слој на дентин низ кој поминувааат микроскопски каналчиња – тубули, кои го прават дентинот порозен. Кога од различни причини дентинот го губи заштитниот слој од емајл или цемент, тубулите ги пренесуваат дрaзбите до забната пулпа “нервот” и предизвикуваат болни сензации.

Вашиот стоматолог најпрво ќе ја отстрани причината за болните сензации (санација на кариес, трeтман на пародонтопатијата при повлекување на непцата, совети за правилна орална хигиена и сл….). Веројатно ќе ви препорача и употреба на специјална медицинска паста која со повеќе апликации ќе доведе до намалување на осетливоста, или соодветна четка и техника на четкање на забите. Исто така причина за осетливост може да биде и преголемо внесување на пијалоци богати со овошни киселини или кисело овошје (лимони, цитрони, киви), проблеми со варење на храната и подригнување итн.

Посетете го вашиот стоматолог за да се утврди вистинската причина за сензитивноста, и навремено санирајте.