Имало начин – Зошто Спасовски не сторил ништо барем да се ублажи хаосот со лични документи? (ВИДЕО)

Примерот со Велес каде со релативно мал напор на локалната самоуправа и тимот на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски е ублажен хаосот со личните документи покажува дека претходното раководство на МВР не правело ништо на оваа тема.

,,При минатонеделната посета на ОУР Велес констатиравме дека во еден мал простор се врши и фотографирање за лични документи и издавање на готовите. Тоа создаваше нетрпеливост кај граѓаните кои беа принудени долго да чекаат.

Во координација со општина Велес и градоначалникот Марко Колев, кои отстапија на времено користење една просторија во склоп на противпожарната станица, за само неколку дена беше реконструирана и ставена во функција и од вчера таа просторија велешани ќе ја користат за издавање на готови лични карти и возачки дозволи со што ставаме крај на гужвите и долгите редици на чекање.

Благодарност до Градоначалникот Марко Колев и Советот на Општина Велес кои излегоа во пресрет на потребите на граѓаните, но и на оние колеги од СВР Велес кои доброволно се пријавија да помогнат во овој процес и наредниот период своите работни задачи ќе ги извршуваат во овој Отсек”, објавува министерот Панче Тошковски за конкретниот случај во Велес.

Видеото на овој линк

https://www.facebook.com/share/v/mUcE5fBSDEYW74vv/?mibextid=qi2Omg