Македонскиот репрезентативен центрафор продолжува го одличните игри и пред се, со голови за Палермо кој, потпирајќи се на прилепчанецот го доби дуелот со Про Верчели со 2-1. Несторовски прво погоди за израмнување на резултатот (1-1) во 25. минута, а потоа во 51. постигна гол и за водство (2-1) што значеше победа на неговиот клуб.

Во 85. минута Илија Несторовски заработи втор жолт картон и автоматски црвен откако постигна и трет гол, но овој пат по намерна игра со рака. Палермо е без пораз во 6 кола во втората италијанска лига и е моментно трет на табелата.

https://youtu.be/B_WZERv7WuI