Меѓународниот Институт за статегиски студии (ИИСС) од Лондон тврди дека обидот на Москва да создаде блок од 4 неутрални или про – руски држави на Балканот не ги донесол посакуваните резултати за Кремљ.
Институтот ги отфрла тврдењата на британските и западните медиуми дека на Балканот повторно се подготвува војна и тврди дека поголема опасност за регионот е обидот на Москва да оствари пенетрација во Србија, Црна Гора, Босна и Македонија.
За да го стори тоа ИИСС вели дека Москва формирала околу 140 медиуми и организации во регионот од кои 30 се во Македонија. Во исто време според британскиот тинк – тенк, Русија создавала контакти со влијателни членови на ВМРО – ДПМНЕ и со опозицискиот Демократски фронт во Црна Гора.
Главните алатки на Русија на Балканот се веб портали кои ја глорифицираат руската воена моќ, и тврдат дека НАТО и САД стојат зад албанските радикали кои сакаат со војна да формираат Голема Албанија.
Како резултат на пропаѓањето на рускиот план на Балканот сега „целиот северен брег на Медитеранот од Гибралтар до сириската граница е под контрола на НАТО затоа што руската морнарица нема пристап до црногорските пристанништа“, анализира ИИСС.