Израел ја забрани Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека спроведувањето на законот со кој ќе се забрани на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA да дејствува во Израел, може да има катастрофални последици за палестинските бегалци на окупираната палестинска територија, што е неприфатливо.

Вќера, израелскиот парламент (Кнесет) усвои закон со кој се забранува на агенцијата за помош на ОН за палестинските бегалци, да дејствува во земјата, што ќе влијае на нејзините операции во Газа.

Предлагачите на законот ја наведуваат вмешаноста на некои вработени во UNWRA во нападот врз Израел на 7 октомври минатата година и нивното членство во Хамас и други вооружени групи.

„Нема алтернатива за UNWRA. Спроведувањето на овие закони би било штетно за решавањето на израелско-палестинскиот конфликт и за мирот и безбедноста во целиот регион. Како што реков претходно, UNWRA е незаменлива“, се вели во изјавата на Гутереш. .

Генералниот секретар на ОН додаде дека на дневен ред на Генералното собрание на ОН ќе го стави прашањето за активностите на УНРВА.

Владите на Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ја осудија одлуката на Израел

UNWRA има мандат од Генералното собрание на Обединетите нации. Работата на агенцијата е суштинска и незаменлива за милионите палестински бегалци во регионот, особено во сегашниот контекст на Газа“, се вели во соопштението.
„Законот одобрен од Кнесетот поставува многу сериозен преседан за работата на Обединетите нации и на сите организации од мултилатералниот систем“, се додава.

Од 7 октомври минатата година израелската армија убила 43.020 Палестинци во Појасот Газа, од кои повеќето се жени и деца, соопшти здравствената служба во Газа. Во исто време повреди 101.110 луѓе.

„Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ќе продолжат да работат со донаторите и земјите домаќини за да обезбедат одржливост на работата на УНЊРА и нејзината хуманитарна улога“, соопштија владите на Мадрид, Љубљана, Даблин и Осло.

Овие четири земји ја признаа независноста на Палестина оваа година во границите од 1967 година, барајќи повлекување на израелската армија од окупираните територии.