Израелската армија (IDF) рано утринава изведе нов бран воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут по синоќешниот напад врз командниот центар на движењето Хезболах, чија цел, очигледно, бил неговиот лидер Хасан Насрала.
Истовремено, IDF објави дека во воздушни напади во јужен Либан ги убила командантот на ракетната единица Хезболах, Мухамед Али Исмаил и неговиот заменик Хосеин Ахмед Исмаил.
Контактот со лидерот на шиитската група „Хезболах“ Хасан Насрала е изгубен по израелските напади врз јужните предградија на Бејрут објави Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до групата. Блумберг пишува и дека не се знае каде се наоѓа.
Извор на Ројтерс близок до Хезболах пред неколку часа изјави дека Насрала е жив.
Иранската новинска агенција Тасним вели дека тој е на безбедно место. Групата се уште не дала изјава за неговата судбина.