Израелските одбранбени сили соопштија дека го убиле лидерот на Хезболах Хасан Насрала во петочните напади врз Бејрут, јавува Би-Би-Си.

Од Хезболах досега нема коментир.

Воздушните напади на Израелската војска продолжија во саботата наутро во јужен Бејрут.

Израелската војска соопшти дека утринава „нападна“ цели во долината Бека, откако открила ракета истрелана од Либан.

Во петокот, либанските власти соопштија дека шест лица загинале, а 91 е повреден во воздушен напад, а локалните власти соопштија дека речиси 800 луѓе се убиени во израелските напади во Либан од понеделникот.