Бугарската полиција уапсила 23-годишен државјанин на Македонија во реонот на Централната автобуска станица во Софија со различни валути во вкупна вредност од околу 15.800 евра земени со измама по телефон од 74-годишна жителка на главниот град на Бугарија, известуваат медиумите кај источниот сосед.
Претставувајќи се како „началник на криминалната полиција“, измамникот ја убедил старицата да му ги даде сите пари што ги чува дома заради „спречување тежок криминален престап“.
Жената не се посомневала и пред портата на задругата во која живее оставила женска чанта со 17.000 американски долари, 5.000 евра и 3.500 лева.
По добиен сигнал полициските службеници веднаш организирале потера и набрзо го привела момчето од Македонија на Централната автобуска станица и по извршениот претрес кај него е најдена чантата со целата сума, како и со амфетамини.
Обвинителството од Софија оформи предмет и му изрече на измамникот притвор од 72 часа.