Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Пет пожарникари и едно противпожарно возило вчеравечер гаселе запален автомобил на патниот правец Струмица-Дабиле.

Автомобилот се запалил во 23:30 часот.

Нема повредени, но направена е голема материјална штета.

 

Според информациите на ТППЕ Струмица, кога пожарникарите пристигнале на местото каде горел автомобилот, пожарот веќе бил во разгорена фаза, но набрзо бил изгаснат.