Пожарот во планинарскиот дом на Водно е изгаснат, се работи на расчистување на опожарената просторија, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.
Интервенирано е со две возила и седум пожарникари. Во гаснењето на пожарот помогнале и вработени од „Паркови и зеленило“.
Пожарот во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно избил утринава, според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На местото на настанот се упатиле екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита, кои успеале да го изгаснат пожарот со помош на два противпожарни возила и седум пожарникари.
По гасењето на пожарот, екипите продолжуваат со расчистување на опожарената просторија