Изборен притсок, штабови пред избирачки места, нерегуларности…

Мини партиски штаб на една партија од албанскиот политички блок е поставен во импровизирана гаража во Гостивар, наспроти влезот во основното училиште „Гоце Делчев“ каде што се гласа, објави Курир.

Засега нема информации дали е реагирано од набљудувачите на ова избирачко место и дали збирното место на партиските членови непосредно до избирачкото место претставува нарушување на изборниот процес.

Индиректен притисок врз гласачите забележан е на уште неколку избирачки места.

фото: Курир

Според извори на Република, во Сарај пред училиштата каде што се гласа има луѓе од политичка партија од албанскиот блок која врши притисок врз гласачите. Иста била ситуацијата и во Рашче.

Во Куманово на неколку места имало проблеми со апарати и печат, на овие гласачки места Општинските изборни комитети реагирале и чекаат насоки од ДИК.