Српските власти во 2015 година не упатиле официјална реакција на одлуката на тогашната македоска влада која што гласала за прием на Косово во УНЕСКО.
Пред дваесетина месеци Република Македонија беше една од 92 држави кои што гласале за прием на Косово во УНЕСКО но тогаш Белград ниту ги повлече своите дипломати од Скопје ниту пак бурно реагираше на позициите на македонската влада која што и тогаш ги следеше инструкциите на своите стратешки партнери ЕУ и САД.
Тогашното гласање кое се одржа во седиштето на УНЕСКО во Париз пропадна затоа што имаше недоволен број земји кои гласаа за прием на Косово. Од вкупно 142 гласа 29 земји се воздржале, 92 биле за прием а 50 против со што Косово не ги добило потребните 2 третини од гласовите.
Меѓу тие што гласаа „За“ како Македонија беа и Германија, Австрија, Бугарија, Франција и други.
За прием на Косово беа и Обединетите Арапски Емирати со кои Србија одржува одлични политички и економски односи, на оваа земја и беше дадена националната авио – компанија ЈАТ а таа се смета за главен економски партнер на Србија покрај ЕУ и Русија.
Српските власти никогаш на властите на ОАЕ не им префрлиле зошто гласаат за прием на Косово во УНЕСКО.