Зоран Милановиќ на чекор до уште еден претседателски мандат

Актуелниот претседател Зоран Милановиќ на денешните претседателски избори се чини е на чекор до добивање на уште еден мандат.

Според анкетите тој е во предност пред пред неговиот противкандидат Драган Приморац.

Според последната анкета на Ер-те-ел во пресрет на гласањето, Милановиќ го поддржуваат 62,5 отсто од гласачите, додека Приморац би добил 27,8 отсто од гласовите.

Проценките на порталот „Индекс“ се дека Милановиќ сега би требало да освои осум отсто повеќе гласови, а Приморац седум отсто помалку отколку во декември.

Во првиот круг што се одржа на 29-ти декември, Милановиќ, кандидат на опозициската Социјал-демократската партија освои 49,7% од гласовите, додека за Приморац гласаа 19,6 отсто од гласачите.