Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се уште , изјави Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, вели дека нема договорено коалиција со поголемите партии во однос на гласовите за претстојните претседателски избори.
За гласовите добиени на негово име во првиот круг, Димитриевски повтори дека нема ни морално, ниту етичко право да бара да се гласа за некој од кандидатите.
„Имаше куртоазни честитки на тие кои добија најголема поддршка, од моја страна и на професорката Давкова, па и на господинот Мицкоски. Нема договорено во овој момент ниту една коалиција. Како ќе одлучи партиското раководство на партијата, така и ќе постапиме“, рече Димитриевски.
Тој рече дека лично ќе гласа на претседателските избори.