Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива, најавува борба против корупцијата, промени во образованието, економијата

Досегашниот генерален секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими е нејзин нов претседател. Ова е одлуката на делегатите на вонредниот изборен конгрес, кој се одржа во Куманово. Ибрахими рече дека партијата е пред нов предизвик и оти мора сега од позиција на власт да оствари конкретни резултати и успех во борбата против корупцијата, економијата, промени во образованието, социјалната сфера.

„Ние, како партија, сега сме во искушение и нов предизвик да покажеме конкретни резултати во Владата, бидејќи мора да оствариме конкретни успеси, борба против корупцијата, економски развој, квалитетен социјален живот… Особено се неопходни измени во образовниот систем, бидејќи  сиромаштијата и непостоењето добро образование се главните виновници за состојбата, во која сме сите во нашата држава.“ – нагласи Ибрахими.

Вонредниот изборен конгрес се одржа, откако досегашниот претседател Африм Гаши поднесе оставка од лидерската позиција и беше назначен за претседател на Собранието.

Денеска на изборниот конгрес на Алтернатива со само еден воздржан глас бев избран како нејзин претседател на во идниот период. Во речта зборував за нашите програмски определби, за начелата, врз кои ќе дејствува партијата не само во органите и како политички субјект, туку и во рамки на Владата на * Македонија.“ –  додаде Ибрахими.

На конгресот немаше промена во поглед на политичката програма од претходниот конгрес во 2022 година. На денешниот вонреден изборен конгрес присуствуваа претставници од повеќе политички партии, кои се дел од владиното мнозинство.