„Лажните ‘патриоти на потрошени батерии’ од ДУИ одбиваат да ја сфатат реалноста дека заврши нивното време и сè уште сонуваат да се вратат на власт, иако цели 23 години го соголуваа народот, иако секој ден излегуваат на виделина нивните измами! За нив е соодветна народната поговорка: ‘Само ти чекај магаре да никне тревата!“ – вели во својата колумна д-р Мислим Зендели, член на централното раководство на Алијансата на Албанците на Арбен Таравари, инаку и професор по претприемништво и бизнис во Економскиот факултет на државниот Универзитет во Тетово. Колумната со наслов „Многумина не веруваа, но неможното стана можно: ДУИ да замине во опозиција“ ја објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.
Зендели пишува: Неможното стана можно! Пред неколку месеци многумина не веруваа дека ДУИ ќе оди во опозиција, но тоа се случи! Но, интегристите сè уште сонуваат да се вратат на власта Тоа би го направиле со некакво пазарење на штета на албанското население во пакет со некакви лажни патриотизми, како што прават „патриотите на потрошени батерии“. Тие одбиваат да ја сфатат реалноста дека заврши нивното време.
„Почна ерата кога народот ќе научи да победува, а политичарите ќе научат да губат. Ова е лекцијата на демократијата.“ – би рекол Албин Курти. Со големите желби за враќање на власт е соодветна народната изрека: „Само чекај магаре, ќе никне тревата!“ Можеби може да никне?!
Но, што ќе прави идното раководство на ДУИ со сите оние луѓе од својот табор, кои во текот на 23 години само го соголуваа сопствениот народ? Веќе секој ден почнуваат да излегуваат на виделина измамите на овие губитници!