Два земјотреса од помал интензитет го потресоа југозападниот дел на Македонија, односно охридското подрачје. Првиот беше посилен и беше почувствуван во 2:01, додека вториот со послаб интензитет е од 8 часот изутринава. Според податоците на Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на двата земјотреси се лоцирани во подрачјето меѓу градовите Охрид и Ресен.
Интензитетот на првиот земјотрес е 3,1 степени според Рихтеровата скала, додека вториот е со интензитет од 2,5 степени. Засега нема пријавени случаи на предизвикани материјални штети, освен вознемиреноста на населението во околните населени места