Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во западниот дел од Македонија

Половина час по пладнето (12.30) во голем број градови од западна Македонија е почувствуван силен земјотрес, чиј епицентар е во Албанија. Неговата сила на 110 килеметри од Скопје и само 30 километри од западната граница на земјава бил повисок, околу 5,5 степени, а кај нас имал интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
За сега нема информации за штета или за повредени, но од од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје предупредуваат дека станува збор за серија на потреси во овој дел од светот.