Зеленски подготвен за примирје но има услов

Украинскиот претседател Волдимир Зеленски навести дека може да се постигне договор за прекин на огнот доколку украинската територија, која сега е под негова контрола, биде земена „под чадорот на НАТО“, што ќе му овозможи да преговара за враќање на остатокот од територијата на дипломатски начин.

Во интервју за „Скај њуз“, Зеленски беше замолен да одговори на медиумските извештаи дека еден од плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната би можел да биде Киев да и ги предаде на Москва териториите што ги окупира, во замена за пристапување на Украина во НАТО.

Зеленски рече дека членството во НАТО ќе мора да им се понуди на неокупираните делови на Украина, за да се стави крај на „жешката фаза на војната“, и дека со поканата за членство, НАТО ќе мора да ги признае меѓународно признатите граници на Украина.

„Ако сакаме да ја запреме жешката фаза на војната, треба да ја земеме под чадорот на НАТО територијата на Украина што ја имаме под наша контрола“, рече Зеленски.

„Треба да го направиме тоа брзо, а потоа Украина може да ја врати (окупираната) територија преку дипломатски средства“, додаде тој.

Зеленски рече дека прекинот на огнот е потребен за „да се гарантира дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да се врати за да заземе повеќе украинска територија.

Тој рече дека НАТО треба веднаш да го покрие делот од Украина што останува под контрола на Киев, што, како што додаде, на Украина и е потребно многу.

Во првото интервју за британските медиуми по победата на Трамп на изборите, Зеленски беше прашан што мисли за него и рече дека Украина мора да соработува со новиот претседател за да има некој што ги поддржува.

„Сакам да работам директно со него, бидејќи тој има различни гласови од луѓето околу него, и затоа треба да не дозволиме никој околу нас да ја уништи нашата комуникација“, рече тој.

Во ова интервју, Зеленски за првпат навести дека договорот за прекин на огнот може да вклучи руска контрола над украинската територија. За време на конфликтот, Зеленски никогаш не кажа дека ќе ѝ отстапи на Русија кој било дел од окупираната украинска територија, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го зазеде во февруари 2014 година и официјално го анектираше следниот месец, пишува „Скај њуз“.

Околу една петтина од територијата на Украина е под руска контрола.