Зеленски му испрати писмо, Трамп вели „лудилото мора да престане“

 

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во своето обраќање пред Конгресот откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил писмо во кое изразува подготвеност да преговара за мир и да потпише договор за минерали.

„Во писмото се наведува дека Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи до траен мир и дека никој не сака мир повеќе од Украинците, информираше Трамп.

Американскиот претседател откри и дека имал сериозни разговори со Русија од кои, како што рече, добил силни сигнали дека е подготвена за мир.

„Време е да се запре ова лудило, да се запре убиствата и да се стави крај на бесмислената војна. Ако сакате да ставите крај на војните, мора да разговарате со двете страни“, рече Трамп.

Зеленски се предаде: Подготвени сме да работиме на мир под силното лидерство на Трамп