Зеленски во лична војна со Трамп, ја блокираше неговата социјална мрежа во Украина

Украинскиот претседател Володимир
Зеленски започна лична војна со американскиот претседател Доналд Трамп по што од денеска ја блокирал неговата социјална мрежа на територијата на Украина.

Според информациите од повеќе извори украинскиот претседател Володимир Зеленски го блокирал пристапот на украинските граѓани до социјалната мрежа Truth Social на национално ниво.

Социјалната мрежа е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп а сега додека е претседател е менаџирана од членови на неговото семејство.

Одлуката на Зеленски доаѓа по новите тензии меѓу двајцата лидери поради тековната војна во Украина и планот за мирна разврска на конфликтот со Русија.

Трамп претходно тврдеше дека Москва „има карти“ да стави крај на конфликтот а вчера јавно својот украински колега го нарече „диктатор без избори“.

Предходно Белата Куќа порача дека Зеленски има само 4 проценти политички рејтинг.

Веб-страница за следење на интернет, Geo Targetly, која ја следи достапноста на страницата Truth Social на национално ниво ја покажа следнава слика за Украина на која пишува дека страницата во моментов не е достапна.